• петок, 05 декември 2025

Моди: Индиските води повеќе нема да одат надвор од земјата

Моди: Индиските води повеќе нема да одат надвор од земјата

Њу Делхи, 6 мај 2025 (МИА) - Премиерот на Индија, Нарендра Моди, денеска потврди дека индиските води ќе се користат исклучиво во интерес на Индија и повеќе нема да течат надвор од земјата. Изјавата се смета за индиректна порака до Пакистан, откако владата на Моди соопшти дека ја прекинува примената на Договорот за водите на реката Инд поради терористичкиот напад во Пахалгам, јави индиската агенција ПТИ.

- Порано водите кои со право ѝ припаѓаат на Индија одеа надвор од земјата. Сега тие ќе течат и ќе се задржуваат во интерес на нашата земја, рече Моди на форум во Њу Делхи.

Тој не го спомена директно Пакистан, ниту  ескалацијата на тензиите меѓу двете земји по нападот на 22 април во туристичкиот град Пахалгам во индискиот Кашмир, во кој загинаа 26 цивили, главно туристи. Делхи го обвини Исламабад за нападот, иако никој не презеде одговорност, а Пакистан категорично ги негираше обвинувањата.

Договорот од 1960 година меѓу Индија и Пакистан за споделување на водите на реката Инд беше еден од ретките долготрајни механизми на соработка меѓу двете нуклеарни сили. Нападот во Пахалгам беше најсмртоносниот врз цивили во индискиот дел на Кашмир во последните две децении. ссм/

фото: архива

Остани поврзан