• среда, 15 мај 2024

МНР: Продолжува потрагата по третиот наш државјанин на Халкидики со хеликоптер и бродови

МНР: Продолжува потрагата по третиот наш државјанин на Халкидики со хеликоптер и бродови

Скопје, 11 јули 2022 (МИА) - Нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција рано наутро добиле потврда дека продолжува и денеска потрагата со спасувачка акција во полн капацитет - хеликоптер и бродови - како претходните два дена по исчезнатиот наш државјанин во местото Посиди, Грција, соопшти утрово МНР.

Во соопштението се посочува дека здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница.

- Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и секоја информација навремено ќе биде пренесена, велат од МНР и упатуваат благодарност до крајбрежната стража на Грција, грчкото воено воздухопловство и локалното население/волонтерите вклучени во потрагата за нивниот неизмерен труд и пожртвуваност. дма/сп/

Остани поврзан