• петок, 22 ноември 2024

ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година

ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година

Вашингтон, 17 јули 2024 (МИА) - Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април.

„Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии“, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски економски студии во Одделот за истражување на ММФ.

Тој предупреди дека глобалниот пад на инфлацијата во светот забавува поради постојаната инфлација во услужниот сектор, се наведува на веб-страницата на ММФ.

„Приоритет за креаторите на политиката е да ја вратат стабилноста на цените и да се справат со наследството од неодамнешните кризи. Централните банки треба да бидат претпазливи во поглед на прераното ублажувањето на монетарната политика и да останат отворени за дополнително заострување доколку е потребно“, додаде Натал.

Според прогнозата на ММФ, американската економија ќе има раст од 2,6 отсто годинава и 1,9 отсто во 2025 година, додека економскиот раст на еврозоната ќе изнесува 0,9 отсто годинава и 1,5 отсто следната година.

Кинеската економија ќе има раст за пет проценти годинава и ќе забави до 4,5 проценти следната година, според Меѓународниот монетарен фонд. рп/  

Фото: МИА архива

Остани поврзан