• среда, 11 септември 2024

Младите пијанисти од Крива Паланка првонаградени на првиот интернационален пијано фестивал во Штип

Младите пијанисти од Крива Паланка првонаградени на првиот интернационален пијано фестивал во Штип

Крива Паланка, 12 септември 2022 (МИА) – Младите пијанисти од Крива Паланка од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски освоија неколку први награди на првиот интернационален пијано фестивал во Штип, а талентираниот Теодор Смиљков како прворангиран учествуваше и на концертно претставување на втората фестивалска вечер.

-Чест и задоволство ни е на престижниот, првпат одржан фестивал, да се учествува и особено да се добијат нагарди во конкуренција од бројни европски држави. Голема благодарност до организаторот м-р Марија Максимова за организацијата и посветеност на ваков прекрасен и значаен настан што овозможи уживање во калсичната музика и можности младите таленти да се претстават и добијат награди за нивниет заложби, истакна професорката Жулина- Митовски, наставник во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка, чиишто ученици се пијанистите.

Штип викендов беше домаќин на првиот фестивал за млади пијанисти на кој настапија  прворангираните во различни дисциплини на Golden Piano Talents – онлајн натпреварот што опфати над 300 пијанисти од сите континенти.

На двете фестивалски вечери настапија ученици од Велика Британија, Чешка, Полска, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора и Албанија, како и од Северна Македонија.

Организатор на фестивалот  „Golden Piano Talents“ e Интернационалното здружение за културен развој и едукација „Арт фест“. ид/хс/

Остани поврзан