• недела, 12 мај 2024

Младинската кошаркарска репрезентација поуспешна од Швајцарија

Младинската кошаркарска репрезентација поуспешна од Швајцарија
Скопје, 9 јули 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години  викендов ја победи соодветната селекција на Швајцарија со 77:59. Избраниците на селекторот Никола Василев беа поуспешни во првата проверка која се играше во Скопје. Тие имаа постојано водство во текот на играта кое во првите десет минути беше (26:23), а на полувремето уште повисоко (47:39). Швајцарија ја доби третата четвртина со минимални (15:13). Во последната четвртина Македонците доминираа со 17:4. Најефикасен во домашниот тим беше Марко Миловановиќ со 19 поени. Двете селекции ќе одиграат уште еден подготвителен натпревар во „Кале“. зс/

Остани поврзан