• петок, 15 ноември 2024

Мишел: Министерот за внатрешни работи на Украина беше „голем пријател на ЕУ“

Мишел: Министерот за внатрешни работи на Украина беше „голем пријател на ЕУ“

Брисел, 18 јануари 2023 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека покојниот украински министер за внатрешни работи Денис Монастирски „бил голем пријател на ЕУ“.

„Се придружуваме на Украина во тагата по трагичната хеликоптерска несреќа“, напиша тој на Твитер.

Монастирски, заедно со неговиот прв заменик и државниот секретар во украинското Министерство за внатрешни работи загинаа денеска во Хеликоптерска несреќа во близина на Киев. Во инцидентот, во кој хеликоптерот се урна близу градинка и станбена зграда, вкупно загинаа 18 лица, меѓу кои и три деца. ссм/

 

Остани поврзан