• петок, 25 октомври 2024

Мишел за ЕНР/МИА: Со зајакнувањето Украина и ние стануваме посилни

Мишел за ЕНР/МИА: Со зајакнувањето Украина и ние стануваме посилни

Брисел, 25 октомври 2024 (МИА) - Со тоа што ја правиме Украина посилна и ние стануваме посилни, бидејќи битката за поддршка на Украина, е и битка за европските идеи, принципи и вредности и за меѓународното право, порача претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.

Тој потсети дека ЕУ беше во можност уште од првиот викенд по стартот на руската инвазија да и испрати помош на Украина, благодарение на Европскиот мировен механизам, со што Унијата првпат испорача воена поддршка на трета земја што не е членка на блокот.

- Еден лидер тогаш одигра многу значајна улога, би биле изненадени кој, бидејќи многу брзо ја сфати сериозноста на состојбата и итно организираше испраќање на оружје за Украина, рече Мишел.

Според него, ЕУ има два предизвици поврзани со Украина - воен, да ја направи земјата што е можно посилна, и политички, да обезбеди мир базиран на Повелбата на ОН и почитување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

- Јас секогаш бев меѓу тие што мислеа дека треба да направиме повеќе и побрзо. Понекогаш имаше дебати, бидејќи некои имаа дилеми дали треба на Украина да и испорачаме тенкови, борбени авиони, итн... Но јас бев секогаш на страната на тие што сметаа дека тоа мора да го сториме тоа брзо и не го променив мислењето, истакна Мишел.

Тој посочи дека и Планот за мир на украинскиот претседател Володимир Зеленски претставува повик до украинските партенри да и го испорачаат на земјата она што и е потребно за да биде посилна. Затоа, според Мишел, важни се финансиската поддршка и испораката на муниција, со цел Украина да стане посилна,

- Со тоа што ја правиме Украина посилна и ние стануваме посилни, заклучи Мишел.

Битката за поддршка на Украина, според него, е и битка за европските идеи, принципи и вредности, за меѓународното право и да не се дозволи рускиот наратив да се прошири во поголемиот дел во светот.

- Затоа е важен и ангажманот во останатиот дел од светот, бидејќи ако дозволите некому друг место вас да го пополни вакуумот, тој некој друг може нема да ги брани истите вреднсти и идеи како и вие, додаде Мишел.

Во тој контекст, Мишел ја поосчи Северна Кореја, нагласувајќи дека ако се потврдат информациите оти земјата испраќа свои војници во Русија, тоа само би придонело за дополнителна есклација.

- Тоа би било уште една причина да го правиме она што го правиме – повеќе поддршка за Украина, воена поддршка и финансиска поддршка, заклучи Мишел.

Запрашан дали можеби нема двојни стандарди во врска со Украина и случувањата на Блискиот Исток, Мишел потсети дека веднаш по „нападите на Хамас врз израелскиот народ“ на 7 октомври минтата година, ЕУ го осуди ваквиот чин и изрази поддршка на правото на Израел да се брани во сосгласност со меѓународното право и со принципите на реципроцитет.

- Ние како Европски совет, систематски секогаш кога говориме за оваа тема сме сосема јасни дека меѓународното право мора да се почитува секогаш и насекаде. Доколу не го правиме тоа, би се довеле во ситација она што го прави Кремљ да стане прифатливо и би ја изгубиле нашата основа за поддршка на Украина, рече Мишел.

Според него, практикувањето двојни стандарди е неприфатливо и ако ЕУ има амбиции да биде помоќна, посуверена и да има поголемо влјание, не смее да применува двојни страндарди.

- Ако применуваме двојни стандарди, ќе го загубиме нашиот авторитет и нашиот кредибилитет, додаде Мишел.

На прашање дали најновата ескалација на тензиите на Блискиот Исток би можела да потткне дополнителен прилив на мигранти кон ЕУ, Мишел посочи дека во справувањето со миграцијата мора да се увидат и причините кои ја предизвикале и да се најдат начини за нивно надминување.

- Тоа што се случува во Газа е страшно, едноставно страшно. Стравувам што ќе откриеме, кога однови ќе „ја отвориме“ Газа. Затоа ако сакаме да ги промовираме нашите демократски вредности и принципи, имаме одговорност да бидеме поспосветени во справување со тоа што се случува, бидејќи ако не го сторириме тоа ќе имаме поголема илегална миграција, поголем прилив (на мигранти) и тоа повеќе ќе ги поларизира нашите општества. Нема сомнеж дека драмата и трагедијата во регионот ќе донесат поголеми безбедносни ризици низ целиот свет, додаде Мишел.

Миграцијата, како што посочи, е еден од најголемите предизвици на Европа, бидејќи освен приливот на луѓе, таа има и политичка димензија кога мигрантите се користат или злоупотребуваат за политички цели.

- Ако ние како лидери не успееме да се справиме со овој предизвик, тогаш зошти луѓето би ни верувале дека можеме да се справиме со други предизвици кои мора да ги решиме, истакна Мишел.

Тој потсети дака за справување со проблемот со мигрантите, ЕУ го усвои Пактот за миграција, кој ќе се спроведува во следните месеци и треба да биде целосно имплементиран до 2026 година. Според него, особено е важна борбата против трговијата со луѓе и кримчарњето, бидејќи не сме да се дозволи криумчарите да бидат тие што ќе решаваат кој смее, а кој не смее да влезе во ЕУ. - За тоа ќе решаваме ние, потенцира Мишел.

Претседателот на Европски совет додаде дека во целиот пакет за справување со миграцијата мора да ги вклучува и правилата за депортација на лицата кои не ги исполнуваат условите за престој и добивање азил во ЕУ и мора да се вопостави и можност за легална миграција.

- Не треба да се плашиме да бараме оперативни начини за да бидеме поефикасни во справувањето со миграцита, од една страна, и од друга страна, да бидеме сигурни дека тоа ќе биде во согласност со меѓународното право, вели Мишел. Од тој аспект, според него, не е прашање дали создавањето центри за прифаќање на мигранти во Албанија, врз основа на билатерален договор со Италија, е доборо или лошо решение, туку дали е во согласност со меѓународното право.сп/

Фото: МИА/ЕНЕР

 

Остани поврзан