• сабота, 27 април 2024

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Манчестер, 20 април 2024 (МИА) – Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан