• понеделник, 23 декември 2024

Мицотакис соопшти нов пакет економски мерки за поддршка на бизнисите и вработените

Мицотакис соопшти нов пакет економски мерки за поддршка на бизнисите и вработените
Атина, 11 март 2021 (МИА) – Денеска, можам да соопштам нов стимулативен пакет мерки кој ќе биде олеснување за над 500.000 бизниси, за самовработените и за милион вработени, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, најавувајќи шест мерки за справување со економските последици од пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. За бизнисите кои од јануари до март имаа намален профит, предвиден е нов, седми циклус на финансиска помош во вид на т.н. „отплатен аванс“ од 1.000 до 100.000 евра, а во мерката вклучени ќе бидат и малопродажбата и угостителството. Паралелно, за оние кои имаа значителен пад на прометот во 2020 година, а зеле отплатен аванс во првите три циклуси, предвидено е ослободување од 30 до 50 отсто за отплаќање и зголемување на ратите од 40 на 60. -Така, голем дел од помошта се претвора во директен грант, со други зборови, се претвора во неповратен аванс, истакна Мицотакис. Додаде дека, за погодените сектори, со цел да се заштитат работните места, државата, преку еден вид на кредит за идните даночни и социјални обврски ќе субвенционира значителен дел од фиксните трошоци во 2020 година, кои не беа покриени со друга помош. Во програмата за регулирање на кредитите, освен домаќинствата ќе бидат вклучени и бизнисите, а и за месец март ќе важат мерките што се однесуваат на даночните и социјалните обврски на погодените сектори и на ослободување од плаќањето кирија за недвижнините на бизнисите и . Мицотакис во изјавата, соопштувајќи ги мерките рече дека од првиот момент кога се појави пандемијата, нагласил дека здравството е приоритет кој „мора да оди паралелно со заштитата на економијата“. -Затоа, заедно со титанските напори за зајакнување на здравствениот систем, во 2020 година беа одвоени 24 милијарди за поддршка на вработените и бизнисите. А денес се мобилизираат уште 2,5 милијарди, зголемувајќи ги на 11,6 милијарди евра соодветните средства за 2021 година, истакна грчкиот премиер. ср/

Остани поврзан