Мицкоски: Целта на „Безбеден град“ е да се спасат човечки животи, погрешно е што некои политичари се обидуваат да го етнизираат
- - Во 2025 година во Скопје имало 28 сообраќајни несреќи, во кои настрадале 32 лица. Од нив, 17 биле Македонци, а 12 Албанци и други припадници на етнички заедници. Во декември 2025 во Скопје имало нула починати, а во декември 2024 имало пет, пет наспроти нула. Пред неколку дена во интервју на албански медиум реков дека ако е тоа цената што како Влада треба да ја платиме и да дојдете вие шт ќе го укинете овој проект и повторно ќе ги вратите жртвите како резултат на сообраќајните незгоди на улиците и во главниот град, на коридорите и во другите градови, во ред, подготвен сум тоа да го прифатам. Но, сè додека јас сум премиер, ќе се борам да спасам макар и еден човечки живот, без притоа да водам сметка каква му е етничката припадност. Ќе бидам среќен, ќе спијам мирно зашто сум спасил еден човечки живот, без разлика на неговата етничка припадност, му порача Мицкоски на пратеникот Скендер Реџепи, кој го постави прашањето.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Владата е одлучна проектот „Безбеден град“ да го стави во функција, а по неговата имплементација, веќе нема да има толкав број жртви од сообраќајни незгоди, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на пратенички прашања.
Целта е, нагласи тој, да се спасат што е можно повеќе човечки животи, без притоа да се води сметка кој од која етничка припадност е.

-Во 2025 година во Скопје имало 28 сообраќајни несреќи, во кои настрадале 32 лица. Од нив, 17 биле Македонци, а 12 Албанци и други припадници на етнички заедници. Во декември 2025 во Скопје имало нула починати, а во декември 2024 имало пет, пет наспроти нула. Пред неколку дена во интервју на албански медиум реков дека ако е тоа цената што како Влада треба да ја платиме и да дојдете вие што ќе го укинете овој проект и повторно ќе ги вратите жртвите како резултат на сообраќајните негоди на улиците и во главниот град, на коридорите и во другите градови, во ред, подготвен сум тоа да го прифатам. Но, сè додека јас сум премиер, ќе се борам да спасам макар и еден човечки живот, без притоа да водам сметка каква му е етничката припадност. Ќе бидам среќен, ќе спијам мирно зашто сум спасил еден човечки живот, без разлика на неговата етничка припадност - му порача Мицкоски на пратеникот Скендер Реџепи, кој го постави прашањето.
Во врска со тужбата што Зијадин Села ја поднесе до Уставниот суд, лага е, напомена Мицкоски, дека „Безбеден град“ се имплеменитра во албански општини. Според анкетите, дополни, повеќе од 80 отсто од граѓаните и преку две третини од Албанците го поддржуваат проектот.
-Свесни сме дека нема се да функционира перфектно, дека ќе има недостатоци, можеби 6 - 9 месеци ќе бидат доволни за детектирање на салбостите и свесни сме дека можеби ќе имаме политичка штета. Но, ова се храбри, државнички потези, а не уставни измени или на сила менување имиња. Како се приближуваме до имплементирање на проектот, бројот на прекршоци се намалува. Дури и изминативе денови од 150 000 е сведен на 7 000 - 8 000. Целта не е да се казнуваат граѓаните и да се испраќаат политички пораки во етнички дух, туку да се почитуваат сообраќајните правила, да се намалат незгодите и да нема жртви. Целта е единствено да се спаси човечки живот повеќе, друг мотив нема. Ги молам сите политичари на одговорно однесување за проектот, тој нема никаква етничка припадност, рече Мицкоски и најави дека по „Безбеден град“ е превиден нов проект т.н. Безбедна земја - за обезбедување на границите, за рано детектирање пожари, за откривање лица што ги подметнуваат пожарите и за откривање сторители на други, најразлични кривични дела. мч/са/
фото: МИА и принт скрин