• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски: Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока

Мицкоски: Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот настан во Царинската управа, одговорајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со ЗНАМ и ВРЕДИ и можноста за заеднички кандидати во некои општини на претстојните локални избори. 

- Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се приоритет и тие се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена, а потоа ќе продолжат преговорите со владините партнери. Во овој момент мислам дека се движат во одлична насока, рече Мицкоски.

Прашан дали се водат преговори за заеднички кандидати во Центар и Куманово, тој одговори дека кога ќе има повеќе детали ќе излезат во јавноста со информација.сст/са/

Фото: принтскрин

Остани поврзан