• недела, 22 декември 2024

Мицкоски очекува септемвриската пензија да биде зголемена за 2.500 денари, усогласувањето на пензиите ќе биде линерано

Мицкоски очекува септемвриската пензија да биде зголемена за 2.500 денари, усогласувањето на пензиите ќе биде линерано

Македонска Каменица, 28 август 2024 (МИА) - Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линерано, нема да биде процентуално како досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој очекува најскоро откако ќе почне да функционира Парламентот, да помине овој Закон и, како што рече, септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите зголемена за 2.500 денари. 

Одговорајќи на новинарско прашање, премиерот појасни дека прво од септември годинава ќе има зголемување од 2.500 денари, а потоа од март 2025 година уште 2.500 денари.

- Ние ветивме дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Тоа ќе го направиме многу побргу, односно во првите девет месеци. Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со буџетот, нагласи Мицкоски. Додаде дека понатаму може да има пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците итн. мд/цр

 

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан