Мицкоски и Јовановски на средби со граѓани на Кичево
- - Разговаравме за нивните потреби, предизвици и идеи, и им ја претставивме нашата програма која нуди конкретни решенија за подобар живот. Верувам дека граѓаните на Кичево ќе го препознаат вистинскиот избор и дека во недела ќе дадат поддршка за политики кои носат развој, стабилност и иднина за сите нас, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со кандидатот за градоначалник, Александар Јовановски имале конструктивна средба со жителите на Кичево.

- Разговаравме за нивните потреби, предизвици и идеи, и им ја претставивме нашата програма која нуди конкретни решенија за подобар живот. Верувам дека граѓаните на Кичево ќе го препознаат вистинскиот избор и дека во недела ќе дадат поддршка за политики кои носат развој, стабилност и иднина за сите нас, напиша Мицкоски на Фејсбук. ев/дма/
Фото: Фејсбук Мицкоски