• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Изборот на новиот шеф на JO е партиско - политички договор на власта

Мицкоски: Изборот на новиот шеф на JO е партиско - политички договор на власта
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Јавна тајна е дека изборот на новиот прв човек на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, според лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, е уште еден партиско- политички договор во власта. -Па јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско- политички договор во власта, само исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за друг, па победил овој и така натаму. Продолжува партизацијата затоа следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството 8 проценти ќе биде еден, два или три проценти. Претпоставувам тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта и од ДУИ и од СДСМ, рече Мицкоски. Тажно е, додаде тој, што се продолжува со партизирање на институциите што треба да бидат носители на правдата, обвинителството и судството, најавувајќи дека веднаш по промените „овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско -политички договори и партиско политички стеги“. ев/ац/

Остани поврзан