Мицкоски задоволен од бројките остварени во туризмот во првите пет месеци на тековната година
- Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во текот на денешната посета на реконструираната наколна населба во Заливот на коските во Охрид изрази задоволство од остварените резултати во туризмот во првите пет месеци на оваа година.
Охрид, 12 јули 2025 (МИА) – Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во текот на денешната посета на реконструираната наколна населба во Заливот на коските во Охрид изрази задоволство од остварените резултати во туризмот во првите пет месеци на оваа година.
- Јас сум исклучително задоволен од бројките кои што се реализираат во првите 5 месеци од годината. Државниот завод за статистика вчера објави бројки во кои што во мај оваа година споредено со мај минатата година има повеќе од 22% туристи и повеќе од 15% ноќевања. Ако се гледа периодот од јануари до мај, првите 5 месеци од годината, имаме за 16 % повеќе туристи и отприлика за 12 % повеќе остварени ноќевања. Тоа преставува добар мотив за сите нас да продолжиме во таа насока, изјави Мицкоски одговарајќи на прашање на медиумите.
Тој дополни дека во фокусот и оптиката Владата продолжува да биде и сегментот на туризмот. аб/мд/
фото: МИА