Мицкоски го осуди вчерашниот напад врз тимот на „Алсат“ што известуваше од пожарот во Визбегово
- Мицкоски порача дека сторителите треба итно да бидат изведени пред лицето на правдата за случајот да не се повтори.
Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски го осуди вчерашниот напад на новинарската екипата на „Алсат“ што се случи додека известуваше за пожарот на дивата депонија во Визбегово.
Мицкоски порача дека сторителите треба итно да бидат изведени пред лицето на правдата за случајот да не се повтори.

-Згрозен сум од тоа што се крева рака на медиумите и тоа треба да биде санкционирано. Тој што го сторил тоа треба итно да биде изведен пред лицето на правдата, да не се повтори тоа, истакна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по настанот во „Даре Џамбаз“.
Ваквиот чин вчера го осуди и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). мч/вг/
фото: МИА