• сабота, 22 февруари 2025

Мицкоски во посета на општина Кавадарци 

Мицкоски во посета на општина Кавадарци 

Кавадарци, 12 февруари 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе го посети селото Дабниште, каде се врши реконструкција на фекална канализација, потоа ќе направи увид во реконструкцијата на пристапниот пат од село Ресава до викенд населбата Косовец покрај Тиквешкото езеро и ќе ја пушти во употреба спортската сала во село Возарци. дма/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан