• петок, 05 јули 2024

Михаил Милошевски ја доби првата награда „Креативност и новинарска етика“ на ЗНМ

Михаил Милошевски ја доби првата награда  „Креативност и новинарска етика“ на ЗНМ

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Новинарот Михаил Милошевски од 360 Степени со темата „Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова - под клуч“ е добитник на првата награда за „Креативност и новинарска етика“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Втората награда годинава ја освои новинарот Ардит Рамадани за темата „Жените во МК не го добиваат својот фер дел, традицијата е посилна од законот“, објавена на mollekugja.mk.

Трета награда беше поделена на четири новинарки. На Вања Мицевска и Весна Кочовска за сторијата „Неоправданите стравови го извадија оружјето на борците за традиционалните вредности во регионот“ и Валентина Вурмо и Анета Ристеска за темата „Системот е продолжена рака на насилство, насилниците се извлекуваат со условни казни“.
Поради голем број на пријави, Комисијата одлучила годинава да додели и признание за Елена Гаговска, за текстот „Анатомија за убиство во Кочани“, објавен на Призма. Наградите се посветени на борбата против дезинформациите и промовирање на родово чувствително известување, поттикнувајќи го јакнењето на новинарскиот интегритет. ар/лв/ 

фото/видео: МИА 

Остани поврзан