• петок, 22 ноември 2024

Мисајловски: Собранието да има 90 пратеници и да се укине балансерот при вработувањето

Мисајловски: Собранието да има 90 пратеници и да се укине балансерот при вработувањето

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Втората изборна единица Владо Мисајловски вели дека во изборната програма предлагаат Собранието да има 90 пратеници наместо сегашните 120 и да се отвори дебата за една изборна единица. 

На гостување во централниот дневник на „Сител“, Мисајловски рече дека ќе се залагаат и за укинување на балансерот при вработувањето.

- Сега во Собранието има 120 пратеници, ние во програмата предлагаме 90 пратеници и таа тема треба да се отвори. Сакаме заменик директорите да ги скратиме, сакаме да има што помалку членови во управните одбори, балансерот при вработување исто така да се укине, да отвориме дебата за една изборна единица. Македонија треба да се реформира, рече Мисајловски. бак/нд/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан