• петок, 05 декември 2025

Мирјана Мирчевски: Јас сум човек што ги поврзува граѓаните и обединува битолчани

Мирјана Мирчевски: Јас сум човек што ги поврзува граѓаните и обединува битолчани

Битола, 10 октомври 2025 (МИА) - Јас сум човек што ги поврзува граѓаните и ги обединува битолчани, затоа е потребно граѓаните на 19 октомври да гласаат за човек способен со визија, чесен и достоиствен за функцијата градоначалник, истакна Мирјана Мирчевски, кандидат за градоначалник на Општина Битола.

Според Мирчевски, локалната самоуправа во Битола во последните 30 години е во рацете да две партии и затоа потребна е промена.

-Мојот мотив за кандидирање е желбата за промена. Во нашиот систем, посебно локалната самоуправа е во рацете на едни те исти партии кои се менуваат и секогаш на граѓаните им велат дека ќе има некакви промени, а промените 30 години не ги гледаме. Јас сум кандидатка поддржана од неколку политички партии, односно од  Македонска Ера Трета, Родина, Единствена Македонија и Работничката партија, но и граѓански иницијативи со една желба во Битола да се врати демократијата, департизацијата, децентрализацијата и да има градоначалник што ќе работи за граѓаните, чесно и транспарентно, нагласи Мирчевски.

Во изборната програма на кандидатката Мирјана Мирчевски доминираат проекти фокусирани на заштитата на животната средина, како и проекти за деца и млади.

-Откако ќе бидам избрана за градоначалник, веднаш ќе направам ревизија на состојбата со општината, односно што се е потрошено и каде се должи, а потоа ќе иницирам проверка на состојбата со филтрите во РЕК Битола за што ќе комуницирам со Владата на Република Македонија. Во приоритетените ангажмани ќе бидат и младите. Ние ќе го обновиме детското одморалиште на Пелистер за децата да се одмораат на Пелистер и да добијат едукативни содржини, активности на извидници и други креативни програми. Во мојата програма посебно место има и решавањето на проблемите со сообраќајната инфраструктура, зголемување на паркинг местата во градот и изградба на катни гаражи, посочи Мирчевски и додаде  дека актуелните велосипедски патеки во градот не се добро направени, односно потребни се велосипедски патеки според европски стандарди, двонасочни и издвоени од тротоарите во градот. мт/дма/


Фото: МИА
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан