• недела, 22 декември 2024

Мировски освои злато на Светскиот кикбокс куп во Будимпешта

Мировски освои злато на Светскиот кикбокс куп во Будимпешта

Будимпешта, 17 јуни 2024 (МИА) – Македонскиот кикбоксер Силвио Мировски го освои второто злато за Македонија на 29. Унгарски Светскиот куп во Будимпешта, Унгарија. 

Во финалето во лоу кик категорија постари јуниори -71 кг, Мировски го победи и Иван Боротаји од Украина со 3:0. Претходно во полуфиналето славеше над уште еден Украинецот, Владислав Камзирчук исто така со 3:0.

Македонската репрезентација на ова натпреварување освои пет медали од кои две злата, едно сребро и две бронзи.

Претходно, златен медал на нашата земја и донесе Марија Димовска која во финалето ја совлада Тријада Антупулу од Турција со 3:0.

Антонио Трендов се закити со сребро, додека Калин Бабоски и Александар Димовски освоија бронзени медали. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан