• петок, 17 мај 2024

Мирна ситуацијата на грчко-турската граница кај Еврос (видео)

Мирна ситуацијата на грчко-турската граница кај Еврос (видео)
Атина, 8 март 2020 (МИА) - Во текот на ноќта и во раните утрински часови, мирна е ситуацијата на грчко-турската граница, по вчерашните инциденти, што со прекини траеја речиси цел ден, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите во Грција, освен со солзавец и разни предмети, од турска страна, во петокот имало обид и со оклопно возило да се пробие оградата поставена од грчка страна. За конкретниот случај, објавено е и видео. За оцена на ситуацијата на Еврос и на островите, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, вчера одржа состанок на кој присуствуваа министрите за цивилна заштита, за одбрана, поморство и заменици, началникот на Генералштабот на грчката армија, началникот на крајбрежната служба. - За време на состанокот, беше констатирана успешната акција за спречување од грчката полиција, војската и крајбрежната служба против обидите за организиран илегален влез во земјата и се разговараше за дополнителниот план за чување на границите, соопштија од кабинетот на Мицотакис. ср/ми/ https://www.youtube.com/watch?v=Sc8snmWXD8g&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0E1Lf4wBJml4D2OkEDw7o2jiRV2egiXdw6LOvOQLl57lY9IfOh0E9vgFY

Остани поврзан