• петок, 08 ноември 2024

Мирел: За политичко решение со Бугарија, потребно е некој од ЕУ да и рече доволно е, го загадувате процесот на проширување

Мирел: За политичко решение со Бугарија, потребно е некој од ЕУ да и рече доволно е, го загадувате процесот на проширување
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - Можно е политичко решение на спорот со Бугарија за време на техничката влада, но за тоа да се случи, потребен е силен притисок од претседателството на ЕУ и некои земји членки, да речат на Софија доволно беше, го загадувате процесот на проширување и атмосферата околу него, вели поранешниот директор за проширување на Европската комисија Пјер Мирел во интервју за ТВ 24. -Можно е да се понуди можност за, така да го наречеме, преодното решение. Тоа би можело да биде, Бугарија да се согласи да го крене ветото, и да објави декларација во која се вели дека ќе го продолжи дијалогот со Скопје за било кој проблем кој го имаат, вели Мирел во интервјуто. Според него, тоа би било политичко решение кое, за да успее, ќе мора да се изврши многу силен притисок врз Софија од страна на претседателството на ЕУ и неколку земји членки. - Да и речат, доволно беше. Го загадувате процесот на проширување и атмосферата околу него. Сега е крајно време да се излезе од таа ситуација. Дотолку повеќе што, причините за ветото од Софија немаат никаква врска со критериумот за членство, вели Мирел. аа/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан