• петок, 25 октомври 2024

МИОА почнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата

МИОА почнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата
Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) - Министерството за информатичко општество и администрација започнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата и европските стандарди, што е барање кое се наведува и во новообјавениот Извештај на ЕК. Реформите ќе бидат донесени преку консултативен и отворен процес и активностите ќе бидат координирани со сите институции и чинители во областа, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. Предизвиците наведени во Извештајот, посочуваат од МИОА, ќе бидат адресирани соодветно, и дека справувањето со нив и подобрувањето на состојбите претставуваат цел во нивното работење. Од МИОА посочуваат дека новиот извештај на Европската комисија за 2021 година нагласува дека целокупниот политички контекст во кој работат медиумите е генерално поволен за промовирање на слободата на изразување и плуралистички гледишта во Република Северна Македонија. Општиот контекст во нашата земја е поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите, се вели во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ за 2021 година. - Професионален и коректен однос кон сите засегнати страни и чинители во медиумската фела е нашиот водич во процесот на реформи во медиумската сфера со цел овозможување на клима за промовирање на слободата на изразување, наведува МИОА. аа/хс/

Остани поврзан