Минчев: Јавната администрација мора да биде место каде луѓето растат, придонесуваат и се чувствуваат добро
- Министерството за јавна администрација ќе биде првата институција која се приклучува на програмата „Quintaum МАЦЕКС“. Со тоа покажуваме дека реформите не се само законски измени, туку и нов начин на размислување – администрација што ги слуша своите луѓе, ги вреднува нивните искуства и гради култура на припадност и мотивација, истакна денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев на отворањето на националната програма за сертификација „Quintaum МАЦЕКС 2025/2026“, организирана од Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени - МАЦЕКС, во партнерство со Вита Институт и глобалната методологија Quintaum.
Скопје, 21 октомври 2025 (МИА) - Министерството за јавна администрација ќе биде првата институција која се приклучува на програмата „Quintaum МАЦЕКС“. Со тоа покажуваме дека реформите не се само законски измени, туку и нов начин на размислување – администрација што ги слуша своите луѓе, ги вреднува нивните искуства и гради култура на припадност и мотивација, истакна денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев на отворањето на националната програма за сертификација „Quintaum МАЦЕКС 2025/2026“, организирана од Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени - МАЦЕКС, во партнерство со Вита Институт и глобалната методологија Quintaum.
Настанот, како што информира ресорното Министерство, ги обедини претставниците на јавниот и приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество, а присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер.
Министерот Минчев нагласил дека промените во администрацијата почнуваат одвнатре, преку слушање на гласот на вработените и мерење на нивното вистинско искуство. Тој се осврнал и на соработката со Република Словенија, истакнувајќи дека токму ова партнерство претставува силен поттик за развој на современи политики во управувањето со човечки ресурси и организациска култура.
- Со Словенија воспоставивме вистинско партнерство - преку Меморандумот за соработка меѓу двете министерства, а дополнително со учеството на Амбасадата на Република Словенија во програмата, отвораме ново поглавје на размена на знаења, искуства и добри практики. Тоа е најдобриот доказ дека оваа иницијатива има европска димензија и кредибилитет, потенцирал Минчев.
Според него, јавната администрација не е изолирана структура, туку жива организација што се развива со луѓето и за луѓето. - Нашата цел е да изградиме јавен сектор што инспирира, а не само функционира. Сектор што е силен, човечки и достоен за довербата на граѓаните, изјавил Минчев.
Програмата „Quintaum МАЦЕКС 2025/2026“ претставува иновативен пристап за мерење и подобрување на искуството на вработените во јавниот и приватниот сектор со цел создавање на повеќе мотивирана, посилна и човечка администрација. мд/вг/
Фото: Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија