• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Минчев со граѓаните на Тетово во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“

Минчев со граѓаните на Тетово во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“

Скопје, 24 април 2025

 

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан
Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со
граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово.

Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување,
развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт.

„Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што
одговара на вистинските потреби на Тетово.
Време е општините да престанат да бидат партиски плен и конечно да
почнат да работат за граѓаните“ - изјави Минчев.

Тој истакна дека ЗНАМ нуди луѓе со знаење и интегритет, а не политички
експерименти, и најави дека дијалогот со граѓаните ќе продолжи низ цела
Македонија.

Центар за комуникации и аналитика

Фото: Движење ЗНАМ – За Наша Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан