• петок, 05 декември 2025

Министри од Блискиот Исток на мировен форум во Норвешка

Министри од Блискиот Исток на мировен форум во Норвешка

Осло, 10 јуни 2025 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Иран, Сирија, Саудиска Арабија, Египет и Оман оваа недела ќе ја посетат Норвешка за да учествуваат на годишниот мировен форум во Осло, соопшти норвешката влада.

Иранскиот министер Абас Арагчи, сирискиот министер Асад Хасан аш-Шибани, саудискиот принц Фејсал бин Фархан Ал Сауд, египетскиот министер Бадр Абделати и оманскиот министер Бадр ал-Бусајди ќе присуствуваат на дводневната средба в среда и четврток.

Форумот, посветен на мировните прашања, ќе се одржи зад затворени врати во градот Љоренскуг, на околу 15 километри од Осло.ссм/

фото: архива

Остани поврзан