• четврток, 25 јули 2024

Министрите Тошковски и Дачиќ во посета на ГП Табановце, во рамки на кампањата „Вози одморен“

Министрите Тошковски и Дачиќ во посета на ГП Табановце, во рамки на кампањата  „Вози одморен“

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска и потпреседателот на Владата за Р. Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, заедно со в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ, ќе го посетат граничниот премин Табановце.

Како што соопштија од МВР, посетата е во рамки на кампањата „Вози одморен“.

По настанот, министерот Тошковски ќе замине во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. цр/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан