Министрите за одбрана на ЕУ за поддршка на Украина и зајакнување на европската одбранбена способност
- Поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одбранбената способност на ЕУ, беа меѓу клучните теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на Европската Унија во Копенхаген, на кој учествуваше и заменичката-генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.
Копенхаген, 29 август 2025 (МИА) – Поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одбранбената способност на ЕУ, беа меѓу клучните теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на Европската Унија во Копенхаген, на кој учествуваше и заменичката-генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.
Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, ја истакна важноста на единствената европска поддршка за Украина, нагласувајќи дека Данска е пример со давање големи донации, додавајќи дека какво било колебање или несигурност може да ѝ даде предност на Русија, се наведува во соопштението на данското Министерство за одбрана.
- Во услови на моменталната безбедносна ситуација, клучно е да покажеме единство во борбата на Украина за слободата на цела Европа. Европа мора да направи уште повеќе за да ја поддржи Украина, нагласи Поулсен, стои во соопштението.
Покрај тоа, на состанокот се разговараше за тоа што Унијата може да научи од украинското искуство во изградбата на одбранбените капацитети, особено во контекст на спроведувањето на целите од Белата книга за европска одбрана, со цел Европа да може да се брани до 2030 година. јт/
Фото: Шекеринска на Х