• вторник, 24 декември 2024

Министерство за правда ќе инсталира ИКТ опрема во пет основни судови

Министерство за правда ќе инсталира ИКТ опрема во пет основни судови
Скопје, 2 март 2022 (МИА) - Министерство за правда најави дека од денеска почнува  со процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството. По тој повод денеска во Основниот суд во Кавадарци во 13:00 часот ќе се одржи настан на кој ќе се обратат министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и претседателот на Советот за координација на ИКТ во правосудството и претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев. - Настанот е во организација на Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението за кривично право и криминологија во Македонија, стои во соопштението на Министерството за правда. сх/сп/

Остани поврзан