• сабота, 28 декември 2024

Министерство за здравство на Газа: Израел го приведе директорот на нашата клучна болница

Министерство за здравство на Газа: Израел го приведе директорот на нашата клучна болница

Газа, 28 декември 2024 (МИА) - Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, и локалната Цивилна одбрана денеска соопштија дека Израел го притворил директорот на клучната болница на северот на палестинската територија уништена во војната.

„Окупаторските (израелски) сили одведоа десетици членови на медицинскиот персонал на болницата „Камал Адван“, вклучувајќи го и д-р Хосам Абу Сафи, во притворен центар на сослушување“, соопшти Министерството за здравство.

Портпаролот на Цивилната заштита Махмуд Басал изјави дека со апсењето на директорот на болницата Камал Адван, десетици членови на медицинскиот и техничкиот персонал на болницата, како и директорот на цивилната одбрана на северот, израелските сили целосно ја уништиле медицинската, хуманитарна и спасувачка база на северот на Газа.

Израелската армија се уште не дала изјава во врска со овој случај.

Светската здравствена организација во петокот соопшти дека болницата „Камал Адван“, дотогаш последната голема болница која работи во северниот дел на Газа, не е во функција по израелскиот напад врз членовите на Хамас во близина на објектот.

Израелската армија објави дека започнала операција против борците на Хамас во близина на болницата, која игра клучна улога во Појасот Газа, каде здравствените установи се во голема мера оневозможени во 14 месеци војна.

Во вчерашното соопштение израелската армија ја опиша болницата како „упориште на терористичките организации... користено како скривалиште за терористите“, што Хамас категорично го демантираше. паг/

Фото: МИА архива


 
 

 

 


  
 
 

Остани поврзан