• петок, 22 ноември 2024

Министерството за култура ќе го поддржи „Мал битолски Монмартр“

Министерството за култура ќе го поддржи „Мал битолски Монмартр“
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Министерството за култура соопшти дека го презема функционирањето на „Мал битолски Монмартр". Ова, како што посочуваат од Министерството, следува откако беше објавен апел за спас на „Мал битолски Монмартр" на социјалните медиуми, по одлуката на Министерството за образование да ги сопре финансиските средства за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола, а со тоа и култниот светски бренд „Мал битолски Монмартр". - И понатаму ќе течат нивните активности така што учениците од пет до 20-годишна возраст бесплатно ликовно ќе продолжат да се едуцирааат и да го развиваат својот талент во нашите простории, но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг (Кина), па до Португалија. Изминатите шест месеци нивните ученици зедоа учество на 10 светски детски ликовни конкурси и пет светски детски ликовни колонии кои освоиле над 85 награди, информираат од Министерството за култура. рп/бак/

Остани поврзан