• петок, 26 јули 2024

Министерството за здравство во Газа ќе престане да се координира со СЗО за евакуацијата на болниците

Министерството за здравство во Газа ќе престане да се координира со СЗО за евакуацијата на болниците

Газа, 23 ноември 2023 (МИА) – Министерството за здравство на Газа одлучи да ја прекине координацијата со Светската здравствена организација за евакуација на ранетите и медицинскиот персонал, соопшти портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра.

Тој ова го изјави по апсењето на директорот на болницата Ал-Шифа и други лекари.

Ал-Кудра рече дека Израел и ОН сносат одговорност за апсењето на медицинскиот персонал, додавајќи дека израелските сили насилно се справувале со медицинскиот персонал и пациентите.

Ал Кудра претходно потврди дека израелските одбранбени сили го уапсиле директорот на најголемата болница во Газа Ал Шифа.

- Доктор Селмеја, директорот на болницата Ал Шифа, како и дел од медицинскиот персонал кој се уште е присутен во болницата, се уапсени, рече тој.

Објектот беше една од главните цели на израелската копнена операција во северниот дел на Газа, а војската изврши упад минатата недела.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека Хамас користи комплекс од тунели под болницата за да организира напади и да крие заложници, што милитантната група го негира. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан