• среда, 15 мај 2024

Министерски состанок за интегрирањето на Ромите во рамки на процесот на проширување на ЕУ

Министерски состанок за интегрирањето на Ромите во рамки на процесот на проширување на ЕУ

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Министерство за труд и социјална политика денеска е домаќин на годишен министерски состанок, четврти по усвојувањето на Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ - Познањска декларација.

Земји учеснички, покрај Република Северна Македонија, се и Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. 

-Целта е да се оцени напредокот постигнат во изминатите 12 месеци, да се идентификуваат преостанатите предизвици и да се разговара за конкретни чекори на коишто треба да се даде приоритет во наредната година, соопшти МТСП.

Состанокот со поздравни обраќања ќе го отворат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и Жељко Јовановиќ, директор на Канцеларијата Ромски иницијативи,  а најавени се и видеообраќања на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и Ана Лирман, државен министер на Германија за Европа и клима.

По завршувањето на настанот предвидена е прес-конференција на која ќе бидат истакнати заклучоците од состанокот. хс/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан