• недела, 22 декември 2024

Министерот Трипуновски отвори подрачна единица и подрачна канцеларија на МЗШВ во Ново Село и Босилово

Министерот Трипуновски отвори подрачна единица и подрачна канцеларија на МЗШВ во Ново Село и Босилово

Ново Село/Босилово, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски отвори Подрачна единица на ова министерство во Ново Село и подрачна канцеларија во Босилово.

Според министерот, со тоа Министерството и неговите вработени се стават во служба на земјоделците и се институции поблиску до граѓаните.

-Овие ПЕ и ПК на МЗШВ во Општина Ново Село и Општина Босилово ќе значат побрз и поедноставен начин за поднесување апликации, регистрации и информирање на земјоделците од овие две општини, изјави Трипуновски. 

Тој посочи дека Подрачната единица во Ново Село била отворена во 2014 година, но претходната власт од непознати причини истата ја ставила вон функција за сега повторно да се реотвори и да биде во служба на земјоделците од оваа општина.

Министерот изрази благодарност до граданачалницте на Ново Село, Ѓорѓе Божинов и на Босилово, Ристо Манчев за нивната соработка и обезбедените простории во рамки на општинските згради и најави дека и во наредниот период ќе продолжи отворањето на подрачни канцеларии кадшто досега ги немало. рт/ац/

Фото:МЗШВ

 

Остани поврзан