• петок, 22 ноември 2024

Министерот Османи ќе учествува на Дубровник форум 2023

Министерот Османи ќе учествува на Дубровник форум 2023

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - По интензивната агенда во Виена во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува со работна посета на Република Хрватска, каде што ќе учествува на Дубровник форум 2023.

Агендата на форумот почна вечерва со настан организиран од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ додека во текот на утрешниот ден Османи ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум”, соопшти Министерството за надворешни работи.

На маргини на учеството на форумот, министерот ќе оствари и бројни билатерални средби, меѓу кои со заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел, со Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со министерот за надворешни работи на Република Ерменија, Арарат Мизорјан. ев/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан