• сабота, 27 јули 2024

Министерот Лога се сретна со првата генерација студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“

Министерот Лога се сретна со првата генерација студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“

21 ноември 2023

Министерот за правда, Кренар Лога се сретна со првата генерација на студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза„- Скопје. Бруцоши полни со ентузијазам кои му даваат живот на надежта за иднината.

Во еден пријателски и колегијален разговор, кај младите  колеги јасно се забележуваше нивната одлучност, не само за лична подготвеност, туку и за промени во системот и  за придонес во општеството. Дискутираа за предизвиците со кои се  соочува правосудниот систем во земјава, за аномалиите и за начинот за враќање на правдата во земјава.

Министерот Лога одблиску ги информираше за сите процеси што ги започнавме и слушна од нив совети и оценки кои не мотивираат уште посилно да продолжиме со нашите напори за владеење на правото и правната држава.

Министерство за правда

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан