• вторник, 24 декември 2024

Средба Бочварски - Дуџак, во фокусот урбанистичкото решение за крајбрежниот појас на Охридскиот регион

Средба Бочварски - Дуџак, во фокусот урбанистичкото решение за крајбрежниот појас на Охридскиот регион

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со директорката на Агенцијата за просторно планирање Андријана Андреева денеска оствари средба со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во земјава и Лилијан Кандикијан, соработник за финансии во канцеларијата на ОН.

Како што информираат од Министерството, во фокусот на средбата било урбанистичкото решение за крајбрежниот појас на Охридскиот регион, каде двете страни меѓусебно биле информирани за своите активности.

-Министерот Бочварски на средбата недвосмислено потенцираше дека главен приоритет на Владата на Република Северна Македонија е зачувување на природното и културно наследство. Притоа, министерот ја истакна благодарноста на тимот експерти од Обединетите нации кои даваат сериозна поддршка во изработка на физибилити студија која претставува значаен документ за постапката за урбанизација на Охридското крајбрежје, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Обединетите Нации, додаваат оттаму, се долгогодишен партнер на Република Северна Македонија, преку стратешка поддршка на националните приоритети и асистенција во подобрување на ефикасноста и ефективноста на активностите во различни ресори на национално ниво. сст/бак/

 

Остани поврзан