• петок, 22 ноември 2024

Министерот Алиу ќе потпише меморандуми за соработка со високообразовни установи

Министерот Алиу ќе потпише меморандуми за соработка со високообразовни установи

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе потпише меморандуми за соработка со високообразовни институции. 

Како што информираа од МИОА, министерот Азир Алиу ќе потпише меморандуми за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Универзитетот на Југоисточна Европа, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид и ⁠Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан