• четврток, 17 октомври 2024

Министерката Јаневска на настан посветен на дигиталната трансформација на државните универзитети

Министерката Јаневска на настан посветен на дигиталната трансформација на државните универзитети

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Во просториите на ИННО ФЕИТ денеска во организација на Форумот за образовни промени и платформата за дигитализација на државните универзитети #DigiU, ќе се одржи настан насловен „Патот кон дигитална трансформација на државните универзитети - Дијалог помеѓу надлежните институции, универзитетите и студентските собранија“.  

Целта на настанот, како што соопштија организаторите, е да ги собере ректорите на сите државни универзитети, претставници од Министерството за образование и наука, Комисијата за образование и наука при Собранието, како и претставници на студентските собранија, за заеднички да дискутираат за предизвиците на дигитализацијата и да предложат препораки за забрзување на овој процес.

На тркалезната маса на тема „Патот кон дигитална трансформација на државните Универзитети“, најавено е учество и обраќања од Бленди Ходаи, преставник на #DigiU и извршен директор на FECH, Весна Јаневска, министерка за образование и наука, Дејан Мираковски, ректор на УГД Штип, Билјана Ангелова, ректорка на УКИМ Скопје, Изет Зеќири, ректор на УМТ Скопје, Игор Неделковски, ректор на УКЛО Битола, потоа на Дијана Илиевска, пратеничка и член на Комисија за образование и наука, Александер Николовски, претседавач на Националното студентско тело, како и Александар Каратошо, преставник на #DigiU. цр/вг/

Фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан