Министерката Тренчевска во Пласница, ќе посети давател на услугата помош и нега во домот
- Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Пласница ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот - Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница.
Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Пласница ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот - Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница.
Услугата е наменета за стари лица постари од 65 години, како и за лица со потежок облик на попреченост кои не се во состојба самите да се грижат за себе.
На настанот, покрај министерката Тренчевска, ќе зборуваат и Алија Јаоски, градоначалник на Општина Пласница и Драгана Костевска, претседателка на здружение Жртва.
Во рамки на посетата, Тренчевска ќе посети и корисник на услугата помош и нега во домот во Пласница за да се информира за придобивките на корисниците од услугата.
-Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, наведува Министерството за труд и социјална политика. мч/аа/
Фото: МИА архива