• вторник, 29 октомври 2024

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја отпатува во посета на Русија

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја отпатува во посета на Русија

Пјонгјанг, 29 ноември 2024 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, замина во официјална посета во Русија, објави севернокорејската новинска агенција КЦТА.

Посетата се случува во време на интензивирање на соработката меѓу Москва и Пјонгјанг во контекст на војната во Украина. КЦТА извести дека делегацијата предводена од Чое заминала во Русија за официјални разговори.

НАТО, Јужна Кореја, Вашингтон и Киев потврдија дека Северна Кореја испрати свои воени единици во Русија, особено во регионот Курск, кој се наоѓа близу границата со Украина. Пентагон соопшти дека Северна Кореја испратила 10.000 војници на обука во источна Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден ситуацијата ја оцени како „многу опасна“. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека блиските односи меѓу Москва и Пјонгјанг претставуваат закана за евро-атлантската и индо-тихоокеанската безбедност. ссм/

фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан