Министерката Божиновска се сретна со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка
- Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Средбата, како што информира денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, главно беше фокусирана на реформите во енергетскиот сектор што земјава ќе ги спроведе.
- Министерката Божиновска беше информирана за тековните проекти на ЕИБ во земјата, меѓу кои беше и интерконекторот за гас кој ќе поминува низ Македонија. Беше изразена благодарност што ЕИБ е партнер на нашата земја и е посветен на работата и развивањето на енергетскиот сектор во Македонија, со што соработката ќе продолжи и во иднината, се наведува во соопштението. мд/дма/
Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини