• понеделник, 23 декември 2024

Милнер се искачи на петтото место по бројот на одиграни премиерлигашки натпревари

Милнер се искачи на петтото место по бројот на одиграни премиерлигашки натпревари
Лондон, 9 јули 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер, играше на 34. коло од шампионатот на Англија синоќа против Брајтон. Неговиот тим победи со 3:1, а за него овој натпревар беше 536-ти во Премиер лигата. Според „Опта“, Милнер се искачи на 5. место по бројот на одиграни натпревари во историјата на Премиер лигата, поминувајќи го Гери Спид кој остана на 535 средби. Пред Милнер се Герет Бери со 653, Рајан Гигс со 632, Франк Лампард со 609 и Дејвид Џејмес со 572 натпревара. зс/

Остани поврзан