• четврток, 25 јули 2024

Милеи најави дека Трамп ќе го посети Буенос Аирес

Милеи најави дека Трамп ќе го посети Буенос Аирес

Буенос Аирес, 23 ноември 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го посети Буенос Аирес за да се сретне со новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Милеи, соопшти прес-службата на јужноамериканскиот политичар.

Но, не е наведено кога Трамп кога ќе пристигне во Аргентина.

Милеи победи во вториот круг од претседателските избори со околу 56 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат, министерот за економија Серџо Маса доби 44 проценти од гласовите.

Милеи, кој ќе ја презема функцијата на 10 декември, вети екомонска шок-терапија, вклучително и затворање на Централната банка, откажување од пезосот и намалување на расходите. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан