• сабота, 29 јуни 2024

Милер за Компани: Баерн и јас можеме да гледаме на иднината со самодоверба

Милер за Компани: Баерн и јас можеме да гледаме на иднината со самодоверба

Минхен, 28 мај 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер го сподели своето мислење за можното назначување на Винсент Компани за главен тренер на тимот. Раководството на Баварците се договорило со Барнли да го откупи договорот на белгискиот стручњак за 12 милиони евра. Воедно, тренерот ќе потпише тригодишен договор со германскиот тим.

- Мило ми е што сега имаме тренер и можеме да одиме напред. Драго ми е што јас и Баерн можеме да гледаме во иднината со самодоверба, рече Мулер, цитиран од новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа Х.

На крајот на сезоната, Баерн се раздели со Томас Тухел, чие заминување беше решено во февруари. Тимот заврши на третото место во Бундеслигата, не успевајќи да стане германски шампион за прв пат по 12 години.

Компани е на чело на Барнли од 2022 година. Во сезоната 2023/24, тимот заврши на 19. место во Премиер лигата и испадна. дс

Фото: Архива

Остани поврзан