• вторник, 14 мај 2024

Милер би можел да го напушти Баерн следното лето

Милер би можел да го напушти Баерн следното лето

Минхен, 2 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер сака да го напушти тимот. Тој е незадоволен од својата позиција во клубот.

 

Германецот не е стартер. Главниот тренер Томас Тухел не го гледа напаѓачот како стартер. Предност пред него им дава на Матис Тел и Ерик Чупо-Мотинг.

 

Според Кикер, Милер не верува дека неговата ситуација ќе се промени под водство на неговиот сегашен тренер. Затоа, 34-годишниот напаѓач не исклучува заминувањето од Баерн летото 2024 година.

 

Милер оваа сезона има една асистенција во Бундеслигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан