• среда, 15 мај 2024

Милер: Баерн треба да се врати на вистинскиот пат, играта со Борусија нѐ разочара

Милер: Баерн треба да се врати на вистинскиот пат, играта со Борусија нѐ разочара

Минхен, 2 април 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Томас Милер, призна дека тимот е разочаран од настапот на натпреварот со Борусија Дортмунд во 27. коло од Бундеслигата (0:2).

- Многу сме разочарани од нашиот настап. Паузата за репрезентативни натпревари не ни донесе никаква корист. Не бевме доволно ефикасни. Можевме да постигнеме гол во клучните моменти. Борусија играше пристоен фудбал 90 минути, но не направи ништо посебно. Сепак, заслужија да победат. Ние игравме неорганизирано во првото полувреме. Треба да се вратиме на вистинскиот пат, овој натпревар нѐ разочара, изјави Милер.

Во моментов Баерн е на второто место во германското првенство со 60 бодови. Лидер е Баер со 73 бода.

Следното коло Баерн гостува кај Хајденхајм. Натпреварот ќе се одигра на 6 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан