• недела, 22 декември 2024

Милевски: Треба да сме горди на овие момци

Милевски: Треба да сме горди на овие момци
Порто, 29 март 2022 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски им оддаде признание на неговите избраници за прикажаната игра на вечерашниот дуел со Португалија. - Треба да сме сите горди на овие момци кои покажаа дека имаат голем потенцијал да се натпреваруваат со најдобрите репрезентации. Знаев дека ќе биде тешко да одиграме во ист ритам како со Италија и дека физички бевме истрошени, но горд сум од прикажаното. Малку ми е криво поради примените голови по наши грешки, но и грешките се дел од фудбалот. Овој пораз за нас може да биде уште поголем мотив за во иднина, рече на прес-конференцијата Милевски. Македонските фудбалери вечерва во Порто загубија од Португалија со 2:0 и не успеаја да се изборат за прв пат на едно Светско првенство. зс/

Остани поврзан