• петок, 05 декември 2025

Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација

Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација

Скопје, 27 август 2025 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го соопшти списокот со повикани фудбалери за натпреварите во септември.

На 4 септември Македонците во Прага ќе играат контролен натпревар со Саудиска Арабија, додека на 7 септември ќе се соочат со Лихтенштајн во Скопје во квалификациите за Светско првенство 2026.

Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета Милевски. Тоа се играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун.

На списокот на Милевски се наоѓаат: 
Голмани: 
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)

Одбрана: 
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум

Среден ред: 
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија

Напад: 
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија). зс/

Фото: МИА

Остани поврзан